Ако некој оваа сезона заслужи да ја освои титулата во ПМФЛ, тоа секако дека е лидерот, тимот на Струга ТЛ. Од првото коло на почетокот на август па до завчерашното 30.коло, стружани се први на табелата, се лидери, играат во најдобра форма.
Во пресрет на неделното 31.коло, односно во пресрет на последните три кола, Струга ТЛ има 59 бодови и +5 пред втората Шкендија и +7 пред Шкупи.
Па така, во недела, ако се исполнат два услови, Струга ТЛ и официјално може да дојде до круната, да стави печат на титулата, да и го донесе на својот град шампионскиот пехар за најдобар клуб во Македонија во сезоната 2022/23.
Прво момците на стратегот Шпетим Дуро мора да слават над Силекс на свој терен, а во исто време, исто во недела, Шкендија да не победи на Чаир кај Шкупи. Можат тетовци и да одиграат и реми, но не смеат да победат.
Само на овој начин Струга ТЛ на 7 мај ќе ја прослави својата прва историска титула.
Што се однесува до распоредот на Струга ТЛ, Шкендија и Шкупи до крајот, еве како тој изгледа:
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 59, Шкендија 54, Шкупи 52 бодови
31.КОЛО – 7 МАЈ (НЕДЕЛА)
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
32.КОЛО – 10 МАЈ (СРЕДА)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
33.КОЛО – 14 МАЈ (НЕДЕЛА)
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА