Бламажа на “кралевите“: Куртоа синоќа имал повеќе дриблинзи од тројца фудбалери на Реал Мадрид заедно!

169

Реал Мадрид синоќа на “Аноета“ во Сан Себастијан против Реал Сосиедад имаше ужассен меч. Не само што загуби со 0:2, туку одигра навистина далеку под своето ниво. Повеќе од јасно е дека сега “кралевите“ и дефинитивно ќе се свртат кон финалето на Купот на Кралот, каде се среќаваат со Осасуна како и кон полуфиналето во ЛШ, каде се среќаваат со Манчестер Сити.

А дека Реал синоќа игрше катастрофално лошо, говори и следниот податок, кој вистински го бламира. Имено голманот Тибо Куртоа реализирал два дриблинзи, додека играчите во поле Маријано Дијаз, Марко Асенсио и Дабни Себаљос не успеале да реализираат ниту по еден.

Значи голманот Куртоа бил подобар од сите овие тројца заедно, барем кога станува збор за дриблинзите.

ПретходноТиквеш го потврди Матлиески за свој нов тренер!
СледноЕ. Пелистер утре ќе ги пушти во продажба билетите за мега – дербито со Вардар 1961!