Најавено, па потврдено. Од денеска и официјално Давор Талески е нов член на Струга Трим Лум. Секако дека ова е големо засилување на нашиот евро претставник, посебно ако се знае дека Талески е еден од нашите најдобри голмани.
Раководството на стружани го сакаше прилепчанецот во своите редови, и го доби.
Инаку Давор Талески (26 години), својата кариера ја започна во 11 Октомври од Прилеп. Потоа бранеше во Металург, Победа јуниор, Хонка (Финска), Лариса (Грција), Брегалница, Пелистер.
Сега ќе чува голот на составот на стратегот Срѓан Захариевски.