Ракометарите на Келце славеа над Веспрем со 31:27 во реванш дуелот од четвртфиналето од ЛШ и изборија пласман на завршниот турнир во Келн. Унгарскиот тим кој практично цела сезона ја вложи во ЛШ, на крајот не успеа да обезбеди место меѓу четирите најдобри.
Откако првиот меч заврши нерешенп, 29:29, беше јасно дека на реваншот голема предност ќе имаат домашните. Тие со извонредно прво полувреме и го решија мечот, затоа што во вториот дел Веспрем практично не можеше да ја анулира негатривата од 6 гола (18:12).
Сичко и Алекс Дујшебаев со по 6 гола беа најефикасни во редовите на Келце, додека Ремили со 7 гола беше најдобар кај Веспрем.
Претходно, настап на Ф4 турнирот во Келн обезбедија Магдебург и ПСЖ, а вечерва ќе го добиеме и последниот патник по мечот меѓу Барселона и ГОГ.