Репрезентацијата во ракомет на плажа замина на ЕП во Португалија

241

Женската ракометна репрезентација на Македонија во одбојка на плажа денеска замина за Португалија, каде од утре почнува со настапи на Европското првенство. Девојките предводени од селекторот Златко Мојсоски ги очекуваат првите возбудувања во рамките на групата „Б“ каде за ривали ги имаме домашната селекција на Португалија, како и репрезентациите на Холандија и Украина.

Првиот меч за нашите девојки е утре против селекцијата на Украина во 11 часот, а подоцна во текот на денот ќе го одиграме и вториот меч во групата против Холандија.

Во четврток ќе го имаме и последниот меч од 3. коло против домаќинот на првенството, Португалија.

ПретходноСтоле: Во Рајо би останал до крајот на кариерата, но прво да се обидеме да го победиме Реал
СледноОтказ за судијата од ВАР кој ја исече снимката од инцидентот на „Местаља“