Милан Борјан по шест години по се изгледа дека е на излезна врата од Ц. Звезда. Човекот кој е роден во Книн, а брани за Канада во изминатиот период стана легенда на фановите на „црвено – белите“.
Сепак тој од новиот тренер Барак Бахар доби шокантна вест. Имено му било кажано дека тој не го гледа Борјан како прв голман и дека може да си оди, а ако остане ќе биде само втор голман.
„Навистина ова не го заслужив, многу сум повреден. Јас сум војник на Ц. Звезда, имам договор до 2026 година, навистина ова е шок за мене“ рече покрај другото голманот.
Неофицијално Израелецот не бил задоволен од Борјан како тоа тој игра со нога, па затоа има намера да донесе друг голман.