Тинекс Пролет го договори првото засилување за новата натпреварувачка сезона, потпишувајќи со 24-годишниот пивот Филип Арсеновски.
Арсеновски е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Неколку сезони го носеше дресот на Металург од каде во 2020 година се пресели во редовите на Еурофарм Пелистер. До почетокот на оваа година настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер 2, по што се пресели во швајцарскиот прволигаш Амичитиа Цирих од каде сега доаѓа во Тинекс Пролет.
Овој ракометар се очекува да биде достојна замена за Михаил Аларов кој пред неколку месеци го напушти Тинекс Пролет и се пресели во редовите на Вардар.