Адетунџи има понуда од Русија вредна 400.000 евра годишно!

1469

Многу врева се дигна вчера во домашната фудбалска јавност по објавата на социјалните мрежи од страна на Сандеј Адетунџи, дека си оди. Потоа следуваше објаснување од Шкупи дека Нигериецот има уште една година договор со чаирчани. Тоа значи дека фантастичниот голгетер ќе остане барем уште една сезона на Чаир.

Сепак се може да се промени, ако се знае дека, според нашите информации, Нигериецот има понуда од Русија и тоа вредна 400.000 евра годишно, и тоа од клубот Нижни Новигород. Клуб кој се натпреварува во Суперлигата на Русија.

Е, сега дали оваа сума која за наши услови е фантастична ќе биде доволна Сандеј да си оди, останува да се види.

Посебно ако се знае дека за евентуално заминување се прашува и самиот Шкупи, кој секако дека ќе бара и соодветна отштета.

ПретходноЏек Грилиш го моли соиграчот да остане (ВИДЕО)
СледноМирко Радовиќ си оди од Битола, се враќа во Ловќен?!