Новиот прволигаш Воска Спорт денеска потврди дека постигна договор со играчот од средниот ред Николче Шаркоски, кој до неодамна беше дел од Работнички.
29-годишниот стави потпис на двегодишен договор соВоска Спорт.
Шаркоски во последната сезона во дресот на Работнички забележа 25 настапи, постигна 1 гол и 3 асистенции.