Ване Јованов повторно во дресот на Брегалница

314

Десниот бек Ване Јованов е ново засилување за Брегалница за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.

24-годишниот деснокрилен офанзивец повторно се враќа меѓу „сините“ за кои настапуваше во сезоната 2017/18. Претходно во кариерата има настапи и за Академија Пандев, Вардар, Каменица Саса а сега во Брегалница доаѓа од редовите на прилепска Победа каде играше изминатава сезона.

Јованов е второ засилување за Брегалница во летниот преоден рок откако претходно во својот клуб се врати и голманот Мартин Давков.

ПретходноДенис Суарез се врати во Виљареал
СледноКалц: Поради семејни причини се разделивме со Тетекс!