Ванѓел Згуро е најмладото име во редовите на македонскиот шампион Струга ТЛ. Тој веќе беше преставен како ново засилување за стружани по левата бековска позиција, а денеска излезе и со првата изјава по доаѓањето во новата средина.
„Овој трансфер дојде со желба и од двете страни и многу сум задоволен. Струга Трим Лум во моментов е најдобрата екипа во Македонија. На струшките навивачи можам да ви ветам дека на секој натпревар ќе го давам максимумот и се надевам дека ќе одиме што повисоко во европските натпревари, но и во новата сезона ќе се бориме да ја одбраниме шампионската титула“, изјави Згуро, кој потпиша едногодишен договор со Струга ТЛ.