Воска Спорт вечерва го претстави и Бесар Исени како ново засилување за тимот. 26-годишниот играч за врска се врати во домашниот фудбал за да и помогне на Воска Спорт во дебитантската сезона во ПМФЛ.
По неколкудневни преговори, Исени ја прифатил понудата на Воска и денеска официјално стана ново засилување за тимот од Охрид.
Исени беше дел од младинските состави на нашата репрезентација. Последен ангажман имаше во екипата на Феризај на Косово.