Унион се спрема за ЛШ: Го направи најскапиот трансфер во историјата

3846

Унион Берлин, кој во новата сезона ќе дебитира во Лигата на шампионите, направи два трансфера. Прво се договори со Фенербахче за трансферот на Атила Салаи. Клубот од Берлин ќе плати 14 милиони евра за унгарскиот репрезентативец, а тоа ќе биде најскапиот трансфер во нивната историја.
До сега најскапите изнесуваа по 8,5 милиони за Јурановиќ и за Авонији.
Унион објави уште еден трансфер, а тоа е американскиот репрезентативец Макс Арансон од Лидс. За 22-годишниот фудбалер се интересираа англиски клубови, но тој одлучи да заигра во Бундес лигата и за Унион.

Во наредните денови Унион ќе ја комплетира и позајмицата на Давид Фофана од Челзи.

ПретходноШвојнтек во маратонски меч ја исфрли Бенчиќ и избори 1/4 финале на Вимблдон
СледноЊукасл ги продолжи договорите со играчи со по еден меч минатата сезона