Американскиот интернационалец и досегашен член на тимот на Челзи, Кристијан Пулишиќ утринава слета во Милано, каде што по обавените лекарски прегледи ќе стане дел од тимот на Милан.
Во реконструкцијата на Челзи, немаше повеќе место за офанзивецот, а тоа Милан го искористи. Го доведе Пулишиќ кој ќе биде сериозно засилување за екипата.
Според информациите зделката е вредна 20 милиони евра плус уште два милиони во вид на бонуси. Најверојатно денеска Американецот ќе биде претставен како ново засилување на „росонерите“. Тој е вториот играч на Челзи по Рубен Лофтус-Чик кој го засилил тимот на Стефано Пиоли.
📽️ Pulisic heading out of Malpensa airport in Milano.pic.twitter.com/dWalgcNipH
— Milan Posts (@MilanPosts) July 12, 2023