Уште едно ново име во таборот на Работнички, тим кој и тоа како се засилува за следната сезона. Од вечерва и официјално тимот од Градски парк е посилен за искусниот дефанзивец Егозн Белица (32).
Инаку да потсетиме дека Белица веќе беше во Работнички и тоа пред 12 години, потоа кариерата го водеше низ клубови во Албанија, Финска, Летонија, Косово за да сега повторно ќе биде во одбраната на Работнички.