Манасков дефинитивно ја заврши „мисијата“ во Вардар 1961!

3746

Дејан Манасков нема да биде од составот на Вардар 1961 за следната сезона. Македонскиот репрезентативец во редовите на најтрофејниот клуб дојде од Веспрем и остана една година, во која успеа да го освои Купот на Македонија.

„Дејан Манасков нема да биде во тимот за следната сезона. На негово место е доведен Марко Срдановиќ“, потврди Борко Ристовски.

Од поискусните македонските ракометари остануваат Мартин Томовски, Гоце Георгиевски и Томислав Јагурноски.

ПретходноСтоилов: Вардар е срцето на Скопје, сакаме да го вратиме онаму каде што припаѓа!
СледноВо Атлетико (М) бесни на Феликс поради изјавите дека сака да оди во Барселона