Лина Ѓорческа завери 1/8 финале во Чешка

254

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во осминафиналето на ИТФ фјучрсот во Оломоуц, Чешка.

Ѓорческа во првото коло беше подобра од Австралиската тенисерка Тина Надин Смит која ја совлада со 2-1 по сетови 2-6, 7-6 и 2-6.

Денешниот меч не почна за нашата тенисерка која беше во негатива на стартот откако противничката направи брејк и имаше водство од 4:1 во гемови. До крајот на сетот Смит имаше контрола и сетот го доби со 6:2 во гемови. Голема борба имаше во вториот сет, кој беше решен во тај брекот во корист на македонската тенисерка. Во завршницата на сетот ниту една тенисерка немаше предност 4:4, а во следниот гем Ѓорческа аправи брејк за водство од 5:4. Сепак Смит го врати брејкот и изедачи на 5:5, а потоа и поведе со 6:5. Сепак македонската тенисерка изедначи на 6:6 и се избори за тај брејк. Во „13.та игра“ Смит поведе со 3:2 во поени, но Лина Ѓорческа имаше серија од пет поени за освојување на сетот односно 7:3 во тај брекот – 1:1.

Психолошката предност беше на страната на македонската тенисерка во решавачкиот сет која поведе со 3:0, а потоа и со 5:1 во гемови што беше само најава на победата.

Противник на македонската тенисерка во следното коло е Тереза Валентова од Чешка.

ПретходноПецаковски останува столб на одбраната на Пролет
СледноУрнебесно: “Пробав да го опијанам Јокиќ, но….“!