И Бутел ги започна подготовките за новата сезона

76

Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона во суперлигашкото друштво. Новиот тренер Горан Кузманоски и неговиот асистент Дарко Јанев, денеска во спортската сала „Антон Димитров“ го одржаа првиот тренинг.

На тренингот беа присутни сите ракометари на кои ќе се смета во новата сезона, меѓу кои и новаците – Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев, Марко Стојанов и Иван Андревски.

Подготовките ќе се одвиваат во Скопје и во Србија, каде што нашиот тим ќе игра пријателски средби со тамошниот шампион Војводина, Југовиќ и Металопластика Шабац, а кон крајот на август го очекува и настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид каде ќе игра против македонскиот првак Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и повторно против Металопластика, како и уште еден меч за пласман.

Пред стартот на Суперлигата, планиран е уште еден пријателски натпревар.

ПретходноДуро: Максимална почит за Будуќност, но ние сме фаворити
СледноПрва победа за нашите млади надежи: Норвешка падна во второто полувреме