Мајсторискиот гол на Фати во сенка на ладнокрвноста на Дембеле и немоќта на Чави

542

Барселона има одличен подготвителен период и тимот предводен од Чави Хернандез е подготвен да ја дочека новата сезона.

Во последната „контрола“ на американската турнеја, шампионот на Шпанија беше подобар од Милан, а победникот го реши мајсторијата на Ансу Фати.

Фати погоди во 55. минута откако мајсторски се намести на десната нога и ја смести топката во мрежата.

По голот Фати истрча да го прегрне Дембеле кој се прости од Барселона и кариерата ја продолжува во ПСЖ.

Натпреварот го одбележа и арогантното однесување на Французинот, кој цело време се смееше и не изрази никакво каење за заминувањето.

А колкава е разочарување во редовите на Барса, најдобро го пренесе Чави.

„Разочаран сум од Дембеле. Не можевме да се натпреваруваме со понудата на ПСЖ. Се обидовме да го задржиме, но тој ми рече дека разговарал со Ал Келаифи и Луис Енрике и дека нема да направи чекор назад. Така е на фудбалскиот пазар. Понудата што му ја дадоа е над нашите можности. Не можеме да се натпреваруваме со нив. Срамота е. Нека му е со среќа”, изјави Чави.

 

ПретходноПознат датумот кога се отвора реновираниот Сантијаго Бернабеу
СледноМакедонија е комплетна, Шортс се приклучи и порача: Да дадеме се од себе, успехот сам ќе дојде