По се изгледа дека вечерва во Атина нема да има фудбал, нема да има натпревар меѓу АЕК и Динамо Загреб, првиот од двата во 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.
По сите оние ужасни сцени во кои учествуваа фановите на двете екипи, имаше и мртви, натпреварот е одложен.
Барем така тврдат медиумите во Грција кои истакнуваат дека нема шанси овој меч да се игра вечерва во закажаниот термин од 20:45 часот.
Како што се пренесува, тамошните власти забраниле да се игра овој натпревар во страв дека ќе има ушрте нереди и инциденти.










