По точно една година Струга ТЛ не е веќе лидер во ПМФЛ, сега тоа е Работнички!

521

Се одиграа сите шест меча од 1.коло во ПМФЛ во новата сезона. Вчера во скопското дерби Работнички со 3:1 го победи Шкупи и го запоседна врвот на табелата во нашата елитна лига. Се разбира дека ова ништо не значи, сепак е прво коло, но вреди да се напомене дека по точно една година Струга ТЛ веќе не е лидер во ПМФЛ.

Во минатата сезона стружани од првото коло, од почетотокот на август 2022 година, па се до крајот во мај 2023 година, беа лидери.

И по ова прво коло ќе беа лидери зошто славеа над Гостивар со 2:0, но голот на Георг Стојановски за 3:1 за Работнички вчера со Шкупи, го однесе тимот до Градски парк на чело на табелата.

ПретходноСе огласи и Динамо Загреб по ужасот: Силно ги осудуваме нередите кои се случија во Атина!
СледноСпоред грчките медиуми: Натпреварот АЕК – Динамо Загреб е ОДЛОЖЕН!