Млади ракометари од Бурунди дошле во Хрватска на СП, па исчезнале…

591

Ете и тоа го има. Млади ракометари од Бурунди дошле во Хрватска на СП У-19, па исчезнале. Ова го потврдува и и МВР на Хрватска, кое се огласи со соопштение во кое се вели дека десет ракометари од Бурунди се водат како исчезнати. Сите тие се родени во 2006 година, а вчера попладне од Студентскиот дом во Ријека, каде биле сместени со својата репрезентација заминале во непознат правец и не одговарале на телефонските повици.

За ова се огласи и од Ракометниот сојуз на Хрватска, кој веднаш ги информирал надлежните во ИХФ, изразувајќи жалење.

Па така мечот кој требаше да се одигра денеска меѓу Бурунди и Бахреин е одложена.

ПретходноФилип Маџунков потпиша за белгиски Лувен
СледноПелистер ги претстави новите дресови, наскоро клубот ќе добие и брендиран автобус! (ФОТО)