Арсенал со гол од пенал до три бода кај Кристал Палас (ВИДЕО)

121

Со голот на Мартин Одегард од пеналот во 53. Минута, екипата на Арсенал со победа се враќа од гостувањето кај Кристал Палас од 1:0. „Топчиите“ на своето прво овосезонско гостување, славеа благодарение на погодокот во вториот дел, по кој останаа со десетмина на теренот, откако Такехиро Томијасу за 7 минути доби 2 жолти картони.

Кристал Палас имаше неколку добри обиди за израмнување, н не успеа да најде начин да ја затресе мрежата на противникот. За момците на Артета ова е втора победа со кој се израмија со Манчестер Сити и брајтон, тимови кои исто така почнаа со две победи во новата сезона.

ПретходноПулишиќ го однесе Милан до премиерна победа во Серија А (ВИДЕО)
СледноСтоле не прими гол 180 минути, Рајо повторно слави (ВИДЕО)