Пелистер е победник на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Македонскиот првак ја оправда улогата на фаворит против Олимпијакос, го совлада со 30-27 (16-14).
Ракометарите на Пелистер ја имаа контролата речиси во текот на целиот меч. Олимпијакос отворија со 5-2, но битолчани вратија со серија од 5-1 со 7-6. Водеа и со 10-7, најголемата позитива ја имаше во 23 минута (14-8). Но, мало опуштање беше причина за да противникот на одморот намали на 16-14.
Во вториот дел Пелистер дојде на плус пет (19-14), на другата страна Олимпијакос се обидуваше да се врати целосно во мечот. Битолчани држеа водство од три до четири гола, на три минути до крајот беше 29-24, доволна позитива за сиурен триумф.
Кузманоски постигна седум гола, пет од седум метри, исто толку запиша и Ненад Костески.
Котанидис од Олимпијакос беше прогласен за најдобар голман, додека Ојлески беше прогласен за најдобар стрелец со 27 гола. Признанието за МВП на финалето и МВП на турнирот беше прогласен Ненад Костески.
РЕЗУЛТАТИ ПОСЛЕДЕН ДЕН
ФИНАЛЕ
Пелистер – Олимпијакос 30-27
ЗА ТРЕТО МЕСТО
ГРК Охрид – Татран Прешов 32-33
ЗА ПЕТТО МЕСТО
Металопластика – Бешикташ 32-29
ЗА СЕДМО МЕСТО
Голден Арт – Бутел Скопје 21-18