Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славе Маркоски е нов играч на повратникот во Првата лига Тиквеш. Централниот бек дојде во Кавадарци од редовите на ФК Охрид , а претходно играше и за Пелистер.
Тиквеш донесе неколку нови играчи ова лето што е многу важно ако сака добар настап во Првата македонска лига. Дојдоа Урош Мирковиќ, Данаил Тасев, Роберт Коцев и Александар Мишов.