За попладнево од 15 часот закажани се пет средби од 7.коло во ПМФЛ. Вчера Шкупи на Чаир со 1:0 ја победи Брера Струмица.
Веројатно дербито се игра во Кратово, каде Силекс кој важи за најефикасниот тим во досегашниот дел од сезоната, ја дочекува Шкендија која оваа сезона има и тоа како шампионски амбиции. Сепак во Кратово ретко кој успеал да се пофали дека успеал како гостин да освои бодови.
Во Скопје на Арената конечно прволигашки фудбал, се среќаваат Работнички и Воска, но потоа пак се затвора и така се до мечот со Англија во ноември.
И во Ѓорче гостува “македонскиот Челзи“, се разбира дека мислиме на Гостивар. Клуб кој ова лето купи 20 играчи, а досега освои само 3 бода и е последен на табелата. А и “лавовите“ досега не одиграа којзнае што. Сепак ќе биде интересно.
Денеска играат и Тиквеш – Вардар како и Брегалница Струга ТЛ.
ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
ТИКВЕШ – ВАРДАР
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР
ВЧЕРА:
ШКУПИ – БРЕРА СТРУМИЦА 1:0
ТАБЕЛА
Шкендија (-2) 13, Брера 13, Шкупи 12, Силекс (-1) 9, Брегалница (-1) 9, Воска (-2) 7, Тиквеш (-1) 7, Работнички (-1) 7, Струга ТЛ (-4) 6, Македонија ЃП (-1) 5, Вардар (-2) 4, Гостивар (-1) 3 бодови…