Бесмир Бојку пред утрешното дерби со Шкендија: Струга ТЛ има намера да одигра квалитетен меч, се надеваме на бодови!

251

Нема одмор за шампионот. Откако завчера гостуваше на Чаир, а во недела игра дома со Силекс, утре ја чека тешко гостување во Тетово кај Шкендија, во меч од 2.коло во ПМФЛ. Тој е оној заостанат меч кој тогаш во август поради обврските на стружани во Европа, беше одложен.

Бесмир Бојку, еден од клучните играчина Струга ТЛ со нетрпение го чека овој меч.

“Јас како некогашен фудбалер на Шкендија многу добро знам каде утре ќе гостуваме. Не треба да се трошат зборови за квалитетите на Шкендија. Сепак ние сме шампиони, како и на секој меч така и на овој имаме намера да одиграме квалитетно, се надевам на бодови. Искрено во второто полувреме на Чаир не бевме на своето ниво, и затоа утре ако сакаме добар резултат мораме да одиграме далеку подобро“ посочи Бојку за „СпортСпорт“.

Инаку експедицијата на Струга ТЛ по неделниот меч на Чаир со Шкупи не се врати во Струга туку отседна во хотелот “Парк“ во Скопје, а денеска тренираше на терените на Работнички. Утре наутро се патува за Тетово.

ПретходноЛегендарен фудбалер на Партизан преживеал мозочен удар!
СледноКапитенот на Баерн „трескаше“ глупости, не знаеше против кого игра