Алкалоид фуриозно низ Куманово!

136

Алкалоид дојде до шестата победа оваа сезона. За вицепрвакот ова беше уште еден убедлив триумф, овој пат против Куманово на гости (21-43) во првиот меч од шестото коло во Супер-лигата.

Избраниците на Кирил Лазаров на дело ја оправдаа фаворитската улога. Отворија со 1-8, а потоа лесно дојдоа до двоцифрена предност од 7-17 и 8-19. На одморот резултатот беше 9-19.

Во второто полувреме не се промени ништо на теренот, Алкалоид доминираше, водеше и со 17-31. На крајот беше подобар со 21-34.

Младеновиќ со девет гола беше прв стрелец, зад него беше Серафимов со шест, по три имаа Џонов, Митев и Петковски. На другата страна Гамзардија запиша девет погодоци.

Со победата број шест во низа, Алкалоид остана на врвот во групата А, додека пак Куманово го запиша петтиот пораз оваа сезона.

ПретходноБирмингем го кани Руни за тренер заедно со Џон О’Ши и Ешли Кол
СледноЈунајтед го плати 85 милиони евра, а сега сака да го продаде!