Леброн Џејмс повторно го смени бројот на дресот

391

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, повторно го смени бројот на дресот. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Џејмс на претсезонскиот натпревар против Бруклин Нетс се појави во дресот со број 23, кој го носеше во 14 од 20-те сезони во НБА.

Покрај бројот 23, Леброн го носеше и бројот 6, а во текот на кариерата се менуваше меѓу нив. Тој носеше шестка во Мајами Хит во најдобриот период од кариерата, кога освои две шампионски титули. Во Кливленд го носеше бројот 23, но кога им се приклучи на Лејкерси, повторно го зеде бројот шест.

Џејмс ја најави промената на бројот уште пред почетокот на сезоната, во чест на неодамна починатиот Бил Расел. Леброн одлучи повеќе да не го носи. Носеше и број 23 во средно училиште во чест на неговиот идол Мајкл Џордан.

Во споменатиот натпревар против Нетс, Џејмс одигра 17 минути и постигна 10 поени, заедно со три скока и пет асистенции. Лејкерси победија со 129:125. Најдобар кај Лос Анџелес беше Хачимура со 19 поени, додека кај Нетс се истакна Томас со 26 поени.

ПретходноМишов во тимот на колото, Капинковски најдобар тренер
СледноПелистер пред Париз: Сакаме да ја повториме играта против Кил