Нашата најдобра женска репрезентација денеска од 17 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, ќе го одигра свјот трет меч во Лигата на Нации во сегментот – Ц во групата 5. По двата порази дома, од Бугарија и Косово, избраничките на селекторот Кирил Изов попладнево ќе му гостуваат на составот на Косово, репрезентација која пред неколку дена во Скопје славеќе со 0:2.
Секако дека императив на Македонија е да се одигра квалитетен меч, секако во своите можности и да се дојде барем до бод. Повеќе од јасно е дека ние во оваа група, инаку овој сегмент – Ц е најслаб во Лигата на Нации, ќе завршиме како последни, ако не се случи некое чудо, но убаво ќе биде да се дојде барем до бод, премногу ќе бидат четири порази во исто толку мечеви.
Да потсетиме дека последниот меч Македонија го игра на гости кај Бугарија на 5 декември.
ТАБЕЛА
1.Косово 4
2.Бугарија 4
3.Македонија 0