Да не си му во кожа на стратегот на Вардар, Александар Васоски. По двете врзани победа над Работнички и Брера Струмица, сега вардарци ги чека пекол од распоред. Веќе утре во Струга се гостува кај шампионот, се игра заостанатиот меч од 5.коло, а веќе в сабота на Чаир Вардар му гостува на Шкупи.
Интересно е тоа што Вардар иако игра в среда, барем според Кометот, треба да игра во сабота, по нешто помалку од 72 часа.
Треба да се види како ќе се однесува тимот на Вардар на овие две најтешки гостувања оваа есен во нашата ПМФЛ.