Тренерот на Силкеборг: Алкалоид е брз, мора да најдеме начин да го затвориме!

125

Алкалоид ги прави последните подготовки за вториот домашен меч од Европската лига, вкупно трет во дебитанската сезона во ова натпреварување. Утре (18:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ гостува дански Силкеборг, уште еден тим од списокот на поискусни противници, со светски ѕвезди во составот.

Данците се фаворити, но тренерот Патрик Вестерхолм е претпазлив, потенцира дека Алкалоид е добра екипа која игра многу брз и модерен ракомет.„Ја гледавме средбата на Алкалоид со Војводина, а се уште не сме ја гледале и анализирале таа што ја играа во Шпанија со Ла Риоха. Но, тоа ни е сега на дневен ред. Алкалоид е многу брз и има активна одбрана и ќе треба да смислиме како тоа да го затвориме. Искрено, малку ме загрижува нашата одбрана по мечот со Алборг. Но, ние мораме да ги победиме сите натпревари во групата во Европската лига и со такви мисли ќе патуваме во Македонија“, изјави Вестерхолм. 

Билети за мечот се уште има во продажбa, истите може да се набават преку MkTickets.

ПретходноЗапочна “операцијата Италија и Англија“, на првиот тренинг без Елмас и Трајковски!
СледноАлкараз со пораз го стартуваше завршниот мастерс во Торино!