Барак Бахар: Утре против Сити ќе имаме важен гостин, момче кое што Хамас го држеше во заробеништво 52 дена!

672

Утре на “Маракана“ во Белград ќе се одигра мечот од ЛШ меѓу Ц. Звезда и Манчестер Сити. Меч кој нема никакво резултатско значење, токму затоа европскиот првак ќе настапи со комбиниран состав.

Попладнево на пресот, стратегот на “црвено – белите“, Барак Бахар, инаку Израелец, кажа дека на утрешниот меч ќе има и важен гостин:

Возбудени сме сите во клубот зошто ќе играме против најдобриот тим во Европа, против Манчестер Сити. Да кажам дека утре исто така ќе имаме важен гостин. Тој се вика Ејтан Јахаломи, тоа е момче кое што беше киднапирано од страна на Хамас и што беше држено во заробеништво цели 52 дена. Тој во Белград ќе дојде о неговата сестра и мајка, но без таткото кој се уште е затворен во Газа. Тој е фан на Сити“ изјави стратегот на Ц. Звезда.

ПретходноШкендија го избра Клисман Цаке за најдобар во 2023 година!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Киелини потврди дека заминува во пензија