Од ден на ден во Шпанија се погласни се најавите дека Реал Мадрид добива мега – засилување, но не е Килијан Мбапе. А тоа е Ерлимг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити кој важи, заедно со Мбапе, за најпосакуван фудбалер во моментов во светот на фудбалот.
Во медиумите во Шпанија наголемо се шпекулира дека преговорите меѓу неговата менаџерка Рафаела Пимента и Флорнтино Перез веќе се интензивираат.
Ова да се оствари нема да биде проблем ниту важечкиот договор а Халанд со Сити посебно ако се знае дека во него има откупна клаузула од 180 милиони евра и “кралевите“ се спремни истата да ја платат без проблем.
Можеме само да замислиме, ако овој трансфер се реализира каков тим би имал Реал Мадрид? Практично непобедлив во наредните десет години.
Халанд, Белингем, Родриго, Винициус, Камавинга, Чуамени, Валверде, Куртоа, Едер Милитао, Алаба, Ѓулер…










