Според пишувањата на италијанските медиуми Јувентус ќе проба да го продаде Душан Влаховиќ во јануарскиот преоден рок и потоа парите да ги пренасочи кон купување на напаѓачот на Баер Леверкузен Виктор Бонифасе. Српскиот напаѓач се мачи во Јувентус и никако да ја крене формата и да ги оправда 80-те милиони евра вложени во него.
Според „Кориере дело Спорт“, директорот на Јуве Кристијано Џунтоли ќе проба да го продаде фудбалерот во јануари. Потоа да тргне по Бонифасе кој има 14 голови и 7 асистенции во 21 меч сезонава за Баер. Нигерискиот напаѓач има цена од 40 милиони евра.
Џунтоли го посакувал Бонифасе уште кога тој играл за Унион Сен Жилоа, но тогаш играчот одлучил да игра во Бундес лигата.
Дома Меѓународен фудбал Италија Јувентус го продава Влаховиќ и со парите ќе проба да купи напаѓач...