Кевин Де Брујн конечно е повторно тука. Белгиецот денеска го одработи првиот тренинг со тимот по долгата пауза и тешката повреда и ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола во наредните недели.
Сити неделава ќе се бори за титулата светски првак, овој турнир дојде прерано за настап на Де Брујн, но затоа ја користи можноста да тренира со останатите и да влезе во форма.
Да потсетиме, Де Брујн е надвор од терените од 12 август кога доживеа повреда на мускулот, а во тој период пропушти дури 29 натпревари.
Колку на Пеп Гвардиола му недостасуваше Де Брујн доволно говори и фактот што Сити е само четврти на табелата со 34 бодови, пет помалку од Арсенал.
Инаку, Сити на 19 декември ќе се сретне со Јапоска Урава во битката за СП за клубови, па перфектната 2023 година да ја затвори со уште еден пехар.
BREAKING: Kevin De Bruyne is training with the rest of the #ManCity squad at the #ClubWC. [via @Jack_Gaughan]pic.twitter.com/ytAWGlqVoa
— City Xtra (@City_Xtra) December 18, 2023