Бразилскиот Флуминенсе, шампион на Ј. Америка е првиот финалист на Светското клупско првенство. Вечерва на стадионот “Кралот Абдула“ во Џеда (С. Арабија), Флуминенсе во полуфиналето го победи Ал Ахли, шампионот на Африка и првакот на Египет, со 2:0 и со тоа си закажа битка за светската титула.
Ривал на бразилскиот тим ќе му биде Манчестер Сити или Урава, меч кој ќе се игра утре. Големото финале е закажано за во петок во 19 часот.
Интересен меч, свои шанси имаше и гигантот на Африка, но Флуминенсе успеа да ги искористи своите шанси и со головите на Ариас од пенал во 71.минута и Кенеди во 90.минута успеа да донесе голема радост на своите фанови.