Аталанта – Салернитана 4:1 е епилогот од вечерашниот последен меч од 16.коло во Серија А. Фаворитот победи, очекувано, но неочекуван беше развојот на настаните на оваа средба во Бергамо.
Имено прво гостите преку Пирола во 10.минута успеаја да поведат со 0:1. Тој примен гол само ги налути домашните фудбалери, кои почнаа да играат како што треба и просто ги “сомлеа“ гостите со конечни 4:1.
Муриел со мајсториски гол во 47.минута израмни на 1:1, потоа Пашалиќ неколку минути подоцна погоди за водство од 2:1. Секако дека потоа беше се полесно. Де Кетеларе во 83.минута стрелаше за 3:1 а во 89.минута Миранчук ги постави конечните 4:1 за Аталанта.
⚽️🇮🇹 GOAL | Atalanta 1-1 Salernitana | Luis Muriel WHAT A GOAL FROM LUIS MURIEL! 🤩pic.twitter.com/ung6fdCjBz
— e360hubs football (@e360hub2) December 18, 2023