Милан Ристовски почна со тренинзи со својот нов клуб: Првите впечатоци се одлични!

899

Оваа зима нашиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски направи трансфер од Трнава во Бохемијанс Прага. Веќе му се приклучи на својот нов тим, ги одработи и првите тренинзи со своите нови сограчи, инаку од денеска Бохемјанс е на подготовки во Анталија.

За тоа какви се првите впечатоци или импресии од својот нов клуб, Ристовски за официјалниот сајт на клубот од Чешка покрај другото истакна:

Впечатоците се позитивни, јас искрено сум пријатно изненаден од тоа што го видов тука. Ова за мене е нов предизвик, нов клуб. Секако дека ќе дадам се од себе со своите игри и својот придонес да му помогнам на Бохемијанс да ги оствари своите амбиции. Што се однесува зошто го одбрав дресот со бр.77, да кажам дека со тој број играв во Нитра и му донесе среќа“ посочи Ристовски.

ПретходноТиквеш се пофали со Луан Силва и Робертињо од Бразил! (ФОТО)
СледноВистински шоумен: Новак заигра оро во Мелбурн! (ВИДЕО)