МЗТ Скопје по двата порази во низа во македонскиот шампионат се врти кон АБА2 обврските каде има една цел – да се врати повторно во елитата. Актуелниот македонски првак е на шестото место со четири победи и три порази, и шанса да напредува на турнирот во Нови Сад.
Избраниците на Васко Атанасов вечерва (21 часот) ќе ги одмерат силите со Шенчур, кој е во поредокот е три места зад „сино-белите“. Со победа на оваа средба, МЗТ Скопје ќе влезе сериозно во трката за четвртото место.
Двата тима до сега немаат одиграно ниту еден натпревар, ова ќе биде прва меѓусебна пресметка.
За потсетување ТФТ синоќа беше совладан од Подгорица, додека пак Пелистер утре ќе игра против Шибенка.