Американецот Робертс го засили ФМП!

93

Џастин Робертс (25) е нов член на Академија ФМП. Американецот игра на позицијата плејмекер и би требало да биде големо засилување за тимот кој што во продолжение од сезоната ќе бие битка за опстанок во нашата кошаркарска елитна лига.

Последен клуб му бил Нојшател од Швајцарија, а има играно и за Фирбург, како и за Универзитетот Џорџија Стејт во НЦАА.

Покрај Робертс, од денеска Академија ФМП е посилна и за Предраг Пајиќ, кој се врати во тимот од Чаир каде беше во последните месеци.

ПретходноБрегалница се раздели со Степаненко!
СледноСензационално: Рашфорд ќе прави трансфер во Арсенал?!