Јужноафриканската република последна се пласираше во полуфиналето на Купот на африканските нации (КАН), откако во четвртфиналето по изведувањето на пенали ги совлада Зеленортските острови со 2-1.
Херој во пенал-рулетот беше голманот и капитен на ЈАР, Ронвен Вилијамс, одбрани дури четири пенали. На овој начин постави рекорд, претходно никој на ова натпреварување не успеал да одбрани четири од пет пенали.