Денеска во просториите на Одбојкарската федерација на Македонија со ждрепка беа одредени двојките за натпреварите од четвртфиналето на Купот на Македонија во двете сениорски конкуренции.
Како и во осминафиналната рунда и во оваа фаза се игра само по еден натпревар. Терминот за одигрување на четвртфиналните средби и во двете конкуренции е 14 февруари.
КУП НА ОФМ 2024 (М):
Работнички 71&22 – Шкендија
Струмица – ГОК Борец
Штип УДГ – Весна Пробиштип
Лирија – Универзитет во Тетово
КУП НА ОФМА 2024 (Ж):
Работнички – Вардар ЕМ
Јанта Волеј – Фит Фан Волеј
Наковски Волеј – Младост УДГ
Струмица – Пелистер Волеј