Екипата на Црвена Звезда го одбрани трофејот од Купот на Србија по вечерашната победа над вечниот ривал Партизан so 85:79 во спортскиот центар Чаир во Ниш. Партизан беше подобар во првиот период, во еден момент имаше предност и од 10 поени, а на полувреме само еден (44:43). Во третиот период кошаркарите на Звезда заиграа жестоко и направија комплетен пресврт имаа водство од 68:63 пред почетокот на последната четвртина. Тука беше клучот и на успехот на „црвено-белите“.
Во финишот на мечот Партизан се обиде да се врати, но Звезда не го дозволи тоа.
Кај Звезда, Гедраитис постигна 17 поени, Теодосиќ 16 поени, Боломбој 14. Кај Партизан, Ледеј 24, Пантер 20, Нанели 10.
Ова е четврти пат по ред Црвена Звезда да го освојува трофејот од Купот во Ниш, а севкупно десетти пат.