Навивач им одржа лекција на фудбалерите на Дармштад по поразот од 6:0! (видео)

796

Екипата на Дармштад доживеа пораз од 6:0 од Аугзбург поради што настана тензична ситуација по завршување на натпреварот кога навивачи влегоа на теренот загрижени поради состојбата на тимот и малите шанси за опстанок во Бундеслигата.

Лидер на навивачката група влезе на теренот ги собра играчите и стручниот штаб пред голот и ја искажа фрустрацијата поради лошиот настап и тоа што екипата е во зоната за испаѓање. Тој викаше додека играчите и тренерите со спуштени глави гледаа во тревникот.

Дармштад е последен со 13 бодови по 24 кола, четири помалку од 16. место кое води во баражот, а дури 12 од првата екипа над црвената зона.

ПретходноСупер гол на Етеми за победа на Коњаспор (видео)
СледноРаботнички 71&22 се зацврсти на второто место, жестока битка за четвртата позиција