Вчера се комплетираа натпреварите од 6. коло во втората фаза од домашниот одбојкарски шамионат во машка конкуренција. Без поголеми изненадувања, фаворитите успеаја да дојдат до очекувани победи. Ова особено се однесува на плеј-оф делот, каде видовме три максимални победи.
Особено важна победа обезбедија одбојкарите на Работнички, кои на домашен терен со убедливи 3:0 ја совладаа Лирија. Сигурен настап во битката за место во разигрувањето имаше и Универзитет во Тетово кој со 3:0 го совлада Штип УДГ. Шампионот Струмица немаше поголеми проблеми кај Весна Пробиштип.
Во плеј-аут делот еден меч не се одигра поради нессодветни услови за организација на натпревар, додека во останатите два видовме очекувани резултати.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 6-то коло
Весна Пробиштип – Струмица 47&72 0:3 (12:25, 12:25, 22:25)
Универзитет во Тетово – Штип УГД 3:0 (25:21, 25:21, 25:22)
Работнички 71&22 – Лирија 3:0 (25:21, 25:22, 25:22)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (48); 2. Работнички 71&22 (39); 3. Штип УДГ (35); 4. Универзитет во Тетово (30); 5. Лирија (29); 6. Весна Пробиштип (21).
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 6-то коло
Македонија Џио – Шкендија 0:3 (14:25, 14:25, 20:25)
Јанта волеј – Сушево (не се одигра поради несоодветни услови во салата „Иван Хаџи Николов во населба Радишани – Скопје)
Вардар – ГОК Борец 0:3 (21:25, 14:25, 15:25)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (33); 2. ГОК Борец (27); 3. Сушево (17); 4. Јанта Волеј (11); 5. Вардар (5); 6. Македонија Џио (5).










