Раритет во вистинска смисла на зборот. Вчера се одиграа сите шест средби од 21.коло во ПМФЛ. Не беше којзнае колку ефикасно ова коло, “паднаа“ само 10 голови.
Сепак интересно е тоа што дури девет од нив беа дело на странци, а само еден беше постигнат од еден домашен играч и тоа оној на Самир Фазли (Македонија ЃП) против Воска Спорт.
Инаку двата гола за охриѓани беа дело на Никола Стијеповиќ и Алекса Марушиќ (Црна Гора).
Шкендија го победи Вардар со 3:0. Два гола постигна Ералдо Чинари а еден Бруно Дита, и двајцата се интернационалци од Албанија.
Гостивар славеше со 2:0 против Брера и тоа со головите на Алпер Потук (Турција) и Масаки Такахара (Јапонија).
И Работнички ја победи Брегалница со 2:0 со головите на Марселин Биала Гандо (Камерун) и Садик Рашид (Нигерија).
Значи 9 голови постигнале играчи од Албанија (3 голови), Црна Гора (2), Турција (1), Јапонија (1), Камерун (1), Нигерија (1) и Македонија (1) во нашата Прва лига.
Навистина интересно…