Ретко кој очекуваше дека среде Штип, на гости кај Брегалница, тогашниот лидер на табелата во ПМФЛ, тимот на Шкупи и тоа како ќе се сопне. Се очекуваше сигурна победа на чаирчани. Но така не мислеа домашните фудбалери на чело со голманот Ристе Јанков и пред се тренерот на “сините“ Горан Здравков.
Тој одлично тактички се надмудруваше со својот колега Младен Жижовиќ и успеа да освои бод. Ова беше меч меѓу претпоследниот на табелата и првиот до тој момент.
Па така според “СпортСпорт“ тренер на колото е Горан Здравков кој ете успеа со својот тим да дојде до реми со големиот фаворит.