Големото дерби во мак – фудбалот беше и помина. 66.“црвено – црно“ дерби меѓу Вардар и Шкендија заврши со резултат 1:1. Генерално Вардар е тој што треба повеќе да жали зошто до 80.минута беше апсолутен господар на теренот, имаше 1:0, имаше шанси и зицери, но место да ја нокаутира слабата Шкендија, тој им дозволи на тетовци да се вратат, а во последните минути стравуваше и за тој бод.
Вардар и натаму, повеќе од 6.5 години не знае што е победа над Шкендија, а денеска бше блиску, многу блиску до такво нешто.
Секако дека треба да ги пофалиме и фановите на Вардар, “Комитите“ кои направија супер атмосфера, како што доликува на едно вака големо дерби во мак – фудбалот.