Да, и дефинитивно лесно му е на шампионот, на тимот на Струга ТЛ кога во своите редови го има еден Марјан Радески. Кога е најпотребно тој знае да блесне, кога е најпотребно знае да постигне гол и тоа каков, и да ја “извлече“ Струга ТЛ.
Така беше вчера на гостувањето кај Работнички, во меч во кој Стрига ТЛ успеа да освои големи три бода. Покрај Радески во тимот на колоти според „СпортСпорт“ се и Ќосевски, Влајковиќ и Бојку. Овој последниот во финишот на мечот потешко се повреди и беше префрлен во болница.
Во тимот на колото се и Ѓуриќ и Лемос од Вардар, Игњатов и Каланоски од Силекс, потоа Велкоски од Македонија ЃП, Илиески од Воска и Лвалива од Брегалница.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАРЈАН РАДЕСКИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 10.02.1995 во Прилеп
Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера, Шкупи, Пјуник (ЕРМ), Струга ТЛ